MP3
WIDE

BEVERLY 125 S IE

BEVERLY 125 S IE

Стил и удобност

Пo речиси една деценија на успех на пазарот, Piaggio Beverly доаѓа со сосема нов стил и технологија. Новиот модел може да се пофали со уникатен изглед, сигурност и перформанси кои ги нуди и неговите доблести достојни се за угледот на скутерот, кој доминираше на пазарот во првата деценија на 21 век.

Елегантни софистицирани линии на новиот Piaggio Beverly потекнуваат од внимателно доработените елементи на досегашниот дизајн, кои еволуирале во сосема нов дизајн кој и
понатаму ќе потсетува на досегашниот успех на Piaggio Beverly.

Предниот дел од скутерот е впечатлив со предните светла кои користат двојни леќи, а светлосниот сигнал за правец е интегриран во иновативни LED дневни светла по рабовите
на предниот панел.

Класичниот стил заменет е со помодерен стил.
Динамика и елеганција се комбинираат во поспортски изглед  и тесниот заден дел на
скутерот ја следи новата предна страна.  
Целиот заден дел е заокружен со одлични LED задни светла. Иновативната употреба на бои и материјали, на новиот Beverly  му дава автомобилски изглед. Двобојните панели со додатоци на алуминиумска боја се спојува со бојата на внатрешните делови во која е и седиштето. Модерниот среден дел на скутерот во алуминиумска боја, која се продега се до задниот дел на скутерот, ги нагласува неговите тесни линии и силниот,  динамичен карактер.
Модерни централни гребен скутери во алуминиум во боја која се протега по целиот пат до
задниот дел на скутер нагласува тесни линии и силен, динамичен карактер.
Деталите на воланот, внатрешниот дел, како и централниот дел со затворач на резервоарот, се вклопуваат во карактеристичниот италијански дизајн.

Убав и елегантен, удобен и практичен, новиот Piaggio Beverly е поудобен од неговиот
познат претходник. 

Багажниот простор под седиштето лесно може да се отвори со помош на копчиња на воланот
или на менувачот во касетата.

Просторот под седиштето е комплетно редизајниран и сега нуди 50% повеќе простор, и е најпростран скутер во таа класа и може да се сместат две заштитни шлема. Beverly 125 погонскиот агрегат е опремен со електронски систем за вбризгување на горивото, со што се
намалува потрошувачката на гориво и трошоците за одржување, и исто така користи напредна течност за ладење ECS (електронски систем за ладење), што значи понатамошно ја намалува потрошувачката на гориво.

*Препорачана готовинска цена до регистрација

x
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ:

BEVERLY 125 S IE

Агрегат -  Едноцилиндричен, четворотактен, 4V Piaggio QUASAR

Волумен - 124 см³

Вртежи – 57 мм/48,6 мм

Моќност -  15 КС при 9.250 вртежи/мин

Вртежен момент -  12,2 Нм при 7.500 вртежи/мин

Напојување – Електронско напојување

Разладување – Течно

Подмачкување – Пумпа за масло

Покренување – Електрично 

Менувач – Автоматски вариомат CVT

Спојка – Автоматска центрифугална 

Рамка – Двојна од високо отпорни челични цевки

Предна суспензија – Телескопска, хидраулична вилушка

Задна суспензија – Двоен хидрауличен амортизер со двојно дејство со прилагодување во 4 насоки

Предна сопирачка – Диск Ø 300 мм

Задна сопирачка - Диск Ø 240 мм

Предна гума -  Без внатрешна 110/70-16”

Задна гума -  Без внатрешна 140/70-14”

Должина/Широчина/Меѓуосовинско растојание – 2.150 мм/780 мм/1.535 мм

Висина на седиштето -  790 мм

Капацитет на резервоарот за гориво – 13 литри

Хомологација – ЕУРО 3